Сенатот го одби предлогот на Претставничкиот дом, се заканува финансиска блокада на Владата на САД

Од:

Американскиот Сенат, каде демократите имаат мнозинство, го одби денеска попладне предлогот на Претставничкиот дом, со кој се одобрува финансирање на сите институции, но се бара пакетот здравствени реформи „Обамакер“, кој исто така стапува во сила од утре, да се одложи во рок од една година.

Сенатот ја усвои сопствената верзија на буџетот, кој предвидува средства за „Обамакер“, отфрлајќи го на тој начин претходно предложеното законско решение и повторно враќајќи го новиот предлог на одлучување во Претставничкиот дом.

За овој предлог гласале 54 сенатори, а против се изјасниле 46.

Меѓутоа, сега е веќе речиси извесно дека буџетот нема да биде изгласан, бидејќи многу се мали шансите денеска попладне по локално време Претставничкиот дом, кој го контролираат републиканците, да го прифатат овој „демократски“ предлог на буџетот.

Рокот за усвојување на буџетот за следната фискална година во САД истекува вечерва на полноќ по источноамериканско време.

Во случај да не се постигне компромис во текот на денешниов ден, голем број Американци вработени во државната администрација наскоро ќе мораат да заминат на непланиран принуден одмор.

Според проценките, привремено без работа ќе останат околу 825.000 до два милиона државни службеници.

Последната финансиска блокада на федералната влада се случи кон крајот на 1995 година и траеше три недели.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак