(ВИДЕО) Кузеска: Христовски нема сертификат од НАТО, уште една лага на власта

Од:

Скандалот со киднапирањето на Агенцијата за национална безбедност и партиското назначување директор нема крај. Последната манипулација којашто власта ја сервира е дека Христовски наводно поседувал сертификат од НАТО, рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Ова е намерна манипулација за да се одбегнат одговорите на суштинските прашања, а тоа е дали Христовски воопшто ги исполнува условите да биде на оваа висока позиција. СДСМ ќе ја разобличи оваа манипулација и ќе инститира на правна разрешница на овој случај. Прво, проверките за издавање на безбедносни сертификати ги вршат исклучиво домашните безбедносни институции, а тоа се АНБ и МВР“ рече Кузеска.

Според неа, „Постапката е јасно дефинирана: институцијата каде што работи лицето доставува барање до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, по што се спроведуваат потребните проверки. А тие проверки за цивилни лица ги спроведуваат АНБ и МВР, а не НАТО“.

Во случајот со Бојан Христовски, токму АНБ каде што тој е именуван за директор поднела барање и токму АНБ спровела безбедноста проверка на својот директор, велат од СДСМ.

„Прашањето е зошто по секоја цена, по сите можни скандали, власта го турка Христовски и ревносно го штити. Христовски беше именуван за директор на АНБ без соодветен безбедносен сертификат од ниво „државна тајна“. Согласно член 10 став 1 од Законот за АНБ безбедносниот сертификат е услов за да биде именуван за директор. Се уште е отворено прашањето и за сертификатот за англиски јазик од Пловдив Бугарија, од непосточека агенција. Отворено е и прашањето за валидноста на дипломата на Христовски. Одлуката на ДКСК е целосно компромитирана и затоа Јавното обвинителство не смее уште да молчи. ДПМНЕ создава паравласт, ги крши законите за да ги партизира безбедносните институции.СДСМ ќе продолжи да инсистира на целосна транспарентност и правна разрешница за овој случај“ – порача Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“