Мицкоски за седницата за интерпелации: Очекувам неосновани критики и обид што ќе заврши неуспешно

Од:

Очекувам неосновани критики и обид што ќе заврши како неуспешен, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан од медиумите што очекува од интерпелациите за работата на четворица членови на Владата, кои опозициски пратеници од коалицијата „Европски фронт“ минатиот месец ги поднесоа во Собранието и се на дневен ред на седница закажана за в петок, 10 јануари.

Одговарајќи на новинарски прашања од Штип, претседателот на Владата рече дека на седницата за интерпелација на вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени, очекува од опозицијата „напади коишто ќе поларизираат и ќе поттикнат чувства на меѓуетничка нетолеранција“.

– Но, мислам дека тоа ќе биде јалово и неуспешно и овој обид ќе заврши како неуспешен. Очекувам критики кои се неосновани и критики кои немаат никаква врска со реалноста. Но, таква ни е опозицијата во овој момент. Се надевам дека ќе извлече поука, многу скоро програмски ќе се реструктурираат, но и кадровски ќе се освежат, бидејќи таму гледаме некредибилни луѓе. Имаме ние институционална меморија и знаеме што сѐ правеа во минатото, изјави Мицкоски денеска во Штип.

Девет пратеници на „Европски фронт“ во декември во Собранието ги доставија предлозите за отповикување од функцијата на Меџити, Стоилковиќ, Тошковски и Исени.

Покрај интерпелации за четирите членови на Владата, на дневен ред на 29-тата седница в петок е и интерпелација за работата на пратеничката Илире Даути, претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, поднесена од пратениците на Левица во ноември.

Би можело да ве интересира

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри

ВИДЕО: Мицкоски има две третини во Собранието, не му треба СДСМ за предвремени избори, не влегуваме во таа игранка, порача Филипче

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори, вели Филипче

Катерина Ѓуровски

ДУИ му одговори на Мицкоски: „Бараме предвремени избори“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема