Авиокомпаниите во САД откажаа повеќе од 1.300 летови, откако зимската бура донесе снег, мраз и ниски температури во поголемиот дел од земјата.
Вкупно 1.306 летови се откажани, а 414 се одложени до 11 часот по средноевропско време, пишува Ројтерс.
Саутвест ерлајнс откажа 264 летови, најмногу меѓу авиокомпаниите, а по неа е Американ ерлајнс со 176.
Најголемите меѓу нив – Саутвест ерлајнс, Јунајтед ерлајнс, Делта ерлајнс – издадоа упатства и предупредувања за екипажите и патниците за време на патувањето за време на траењето на невремето.
Федералната управа за авијација предупреди дека силните ветрови, снежните врнежи и мразот би можеле да влијаат на патувањето во североисточните и средноатлантските региони, но ситуацијата се покажа како полоша од прогнозата.