ВИДЕО: Масовниот убиец од Цетиње бил и помеѓу полицајците додека го барале

Од:

Директорот на полициската управа на Црна Гора, Лазар Шќепановиќ изјави дека обдукцијата на телото на убиецот од Цетиње Ацо Мартиновиќ покажала дека тој бил во „помалку алкохолизирана состојба“.

„Усно добив информација дека анализата на крвта на Ацо Мартиновиќ покажала 0,40 грама алкохол на килограм, исто како и анализата на урината. Исто така, тој не бил позитивен на психоактивни супстанци, што значи дека бил во помалку алкохолизирана состојба – изјави Шќепановиќ.

Тој додаде дека е можно со оглед на тоа што поминале неколку часа од последното кривично дело, нивото на алкохол во крвта на Мартиновиќ во моментот на злосторството да било поголемо.

На прашањето за тепачката во кафулето Велестово , која била непосредна причина Мартиновиќ да си оди дома, да земе оружје и да убие четворица и да повреди три лица, Шќепановиќ одговори:

„Реков дека имало вербален инцидент меѓу Мартиновиќ и едно од лицата кои подоцна починале. На едно видео од барот се гледа дека луѓето се забавуваат во кафулето, дека тоа е класична прослава со музика и дека сите, вклучително и жртвите , уживаа во атмосферата. На тоа видео можете да го видите Ацо Мартиновиќ кој седи со друга личност во сосема нормална и природна средина.

Шќепановиќ додаде дека се уште не може прецизно да одговори на прашањето за мотивот за трагедијата во Цетиње.

„Се утврдува мотивот. Се работи за сторителот на делото кој ги убил своите најблиски пријатели, познаници и членови на семејството и изрази бруталност и агресивност кон децата“, рече тој.

Тој исто така рече дека лично разговарал со членови на семејствата на жртвите, полицајци кои го познавале сторителот и читал изјави од сведоци кои добро го познавале.

„Можам да кажам, иако не прецизно, каде би можел да се бара мотивот. Во случај на вакви сложени и монструозни криминални дејствија, верувам дека мотивот се гледа во тоа што се работи за лице кое не било прифатено во општеството, се чувствувал отфрлен и неприлагоден. Имаше низок праг на толеранција, беше склон кон агресивни, брзи и неконтролирани реакции и покажуваше чувства на зависност – не на психоактивни супстанции и алкохол, туку на љубомора. Немал потесно семејство, не се остварил како татко, можеби се плашел од некој што требало да биде сведок против него во судска постапка.

По масовното убиство во Цетиње, Црна Гора се соочува со длабоки политички тензии. Премиерот Милојко Спајиќ истакна дека земјата се бори со хроничен недостаток на полициски кадар, додека вршителот на должноста директор на полициската управа Лазар Шќепановиќ ја обвини претходната влада за процут на организираниот криминал во последните три децении.

Поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ ја критикуваше полицијата за бавноста, наведувајќи дека со часови не можеле да ги пребројат жртвите. Од друга страна, поранешниот премиер и лидер на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ, тврди дека полицијата не можела да го идентификува напаѓачот во клучните моменти и го помешала со еден од нивните инспектори.

„Двајца полицајци забележале дека еден маж меѓу нив не комуницира со другите. Кога се обиделе да го повикаат, тој почнал да бега. Тогаш сфатиле дека се вмешал со полицајците“, рече Абазовиќ. Сепак, полициското одделение ги отфрли неговите тврдења како неточни и злонамерни, нагласувајќи дека има докази од надзорните камери кои ја потврдуваат нивната верзија за настаните.

„На видеото јасно се гледа како тактички единици со вперено оружје го опкружуваат напаѓачот и му наредуваат да го фрли оружјето и да се предаде. Мартиновиќ потоа се нашол во безизлезна ситуација и извршил самоубиство“, се вели во соопштението на полицијата.

Но, порталот ETV.me објави подолга верзија на снимката од надзорната камера која ги оспорува официјалните тврдења. На видеото од 22 секунди се гледа како Мартиновиќ шета низ дворот и се упатува кон улицата.

Пред него се гледаат вооружени полицајци како трчаат и се поставува прашањето дали воопшто биле свесни во тој момент дека напаѓачот доаѓа директно кон нив од страна.

Во еден момент тие ги свртуваат светлата кон него и се враќаат, по што Мартиновиќ паѓа.

Црногорската полициска управа наиде на критики бидејќи на видеото од пет секунди што го објавија не се гледа ништо друго освен силуета на маж кој шета низ снегот во дворот, а недостасуваат клучните моменти кои го разјаснуваат целиот контекст на пресметката на масовниот убиец со полицијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Грција

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието

Милановиќ со предупредување до Пленковиќ: Не се обидувај неуставно да ја преземеш командата на армијата

Предраг Петровиќ