„Сименс“ ќе отпушти 16.000 работници

Од:

Германскиот гигант „Сименс“ ќе отпушти 16.000 работници како резултат на програмата за намалување на трошоците за околу 6 милијарди евра. Само во Германија ќе бидат отпуштени околу 5.000 работници, а останатите 11.000 ќе бидат отпуштени ширум светот.

Синдикатот и раководството на компанијата го договорија моделот на отпуштање за половина од вработените, а се преговара и за останатите.

Според договорот, компанијата нема да дели директни откази, туку со високи отпремнини ќе се обиде да ги поттикне вработените да побараат доброволно раскинување на договорите за работа.

Според проценките, „Сименс“ има околу 370.000 вработени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Мерц му фалеа шест гласа, не стана германски канцелар

Катерина Ѓуровски

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц