Кошаркарскиот клуб Барселона денеска соопшти дека на заедничка согласност го раскинала договорот со бразилскиот играч Раул Нето.
Бразилскиот кошаркар пристигна во Барселона на 24 ноември минатата година, а имаше договор со каталонскиот клуб до крајот на сезоната. Нето во Барселона пристигна како замена за Николас Лапровитола, кој поради повреда нема да игра до крајот на сезоната.
Нето (32) дебитираше за Барселона на 28 ноември минатата година на мечот против Реал во 12. коло од Евролигата. Сепак, бразилскиот кошаркар одигра само три минути откако се повреди на дуелот со Реал.