Пејачот Мартиновиќ загуби четворица членови од семејството во масакрот во Цетиње

Од:

Пејачот Дарко Мартиновиќ кој е родум од Цетиње за српски Телеграф се огласи по веста дека е во крвно сродство со убиените близнаци Марко и Милош. Тој ја потврди веста и откри дека неговиот вујко и тетка исто така се убиени во масакрот.

„Бев дома, решив првпат да не работам за најлудата ноќ, туку да бидам со брат ми и семејството. Синоќа требаше да излеземе во град. Сепак, добивме страшни вести и веднаш се јавивме кај роднините и пријателите да дознаат нешто, знаете, во таа ситуација сите се изгубија. Тогаш дознавме дека се убиени нашиот вујко и тетка, како и нашите братучеди. Еден од убиените браќа има ќерка, а се надеваме дека снаата, која е ранета и е во критична состојба, ќе се спаси“, вели Мартиновиќ.

Би можело да ве интересира

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски