Кумановската полиција доби 11 Спарка

Од:

Кумановската полиција денеска доби единаесет возила од марката „Шевролет спарк“ кои се дел од стоте нови возила што завчера ги промовираше МВР.

Новите возила, како што информираат надлежните од СВР Куманово, ќе бидат распределени на полициските станици од општа надлежност на подрачјето што го покрива секторот.

– Возилата се економични со што ќе се штеди на гориво и ќе се употребуваат во урбаните заедници, на интервенции во тесни улици, улици кои се оптоварени со сообраќајот, изјави Зоран Велковски од СВР Куманово.

Како што појаснуваат од СВР Куманово, новите возила ќе овозможаат поефикасно извршување на задачите на полициските службеници.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп