Кривични за 12 македонски државјани и 1 странец за криумчарење луксузни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба

Од:

МВР информира дека вчера врз основа на воспоставена криминалистичка контрола од страна на СВР Скопје – ЕВР Ѓорче Петров, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување, Единицата за интервентна полиција, СВР Битола, ОВР Гевгелија и ОВР Неготино, а по издадени наредби од страна на судија за претходна постапка и јавен обвинител заради докажување на кривични дела поврзани со криминал со луксузни моторни возила, извршени се 10 претреси кај 10 лица, од кои седум се во Скопје, еден во Дојран, еден во Неготино и еден во Битола, при што се лишени од слобода шест лица: К.С., Н.П., М.С. и Д.И. од Скопје, В.Ц. од Стар Дојран и Н.Г. од Битола.

За И.А., Д.М. и Ф.С. од Скопје и А.Т. од Неготино се преземаат мерки и активности за пронаоѓање.

При претресите се пронајдени и одземени четири возила, разновидна службена документација, околу 32.500 евра и разни документи, купопродажни договори, пет германски регистарски таблички, околу 25 грама кокаин, лап топ компјутери, повеќе мемориски уреди, други предмети поврзани со кривичните дела.

МВР според претходно одземени 5 ПМВ и собрани материјални докази ќе поднесе пријава до ОЈО против 13 лица, од кои двајца се поранешни вработени во МВР, а еден е се уште вработен во МВР, каде во текот на ноќта и утрото лицата се изведени пред судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски