Малолетничка е тешко повредена во сообраќајка во Скопје

Од:

Полицијата извести дека вчера во 22.25 часот е пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, возило „хонда“ управувано од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје.

Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Кривични за петмина родители и четири деца кои малтретираа малолетничка во Аеродром

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе