Путин ги заостри казните за бунт против државата

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се зголемуваат казните до доживотен затвор за организирање или учество во вооружен бунт што резултира со смрт или други сериозни последици.

Според овој закон, организирање или водење на вооружен бунт со цел уривање или насилно менување на уставниот поредок на Русија или нарушување на нејзиниот територијален интегритет ќе се казнува со затвор од 15 до 20 години.

За учество во вооружен бунт за истите цели, предвидена е затворска казна од 12 до 20 години.

Путин потпиша и закон според кој странец може да биде осуден на 15 години затвор за помагање на непријателот во активности против безбедноста на Русија, како и закон за воведување судски механизам за привремено суспендирање на забраната за активностите на терористичката организација.

Целта на измените е да се утврди можноста за привремено суспендирање на забраната за работа на организација која е вклучена во списокот на терористички организации со судска одлука врз основа на барање на рускиот јавен обвинител или неговиот заменик, доколку има релевантни информации.

Би можело да ве интересира

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Зеленски збесна: „Путин му издаде наредба на словачкиот премиер да отвори нов фронт“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Путин му се извини на претседателот на Азербејџан за паднот на авионот, го нарече „трагичен инцидент“

Катерина Ѓуровски

Путин: Нема време да се потпише нов договор за транзит на гас со Украина

Путин: Ќе нападнеме повторно, но не брзаме

Горан Наумовски

ВИДЕО: „САД да ја зголемат испораката на оружје за Украина“

Катерина Ѓуровски