Италијанскиот Парламент во среда ќе гласа за доверба на Владата

Од:

Италијанскиот премиер Енрико Лета побара од Парламентот на Италија во среда да гласа за доверба на неговата коалициона Влада.

Најновата владина криза настана, откако во саботата пет министри од редовите на козервативната партија Народ на слободата (ПДЛ) на поранешниот премиер Силвио Берлускони, поднесоа оставки на своите функции.

Како причина за повлекувањето на министрите на ПДЛ официајлно беше наведена одлуката на Владата за зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ) од сегашните 20 на 22 отсто.
Италијанскиот претседстел Џорџо Наполитано веќе започна консултации со премиерот Лета, во обид да се избегнат предвремени парламентарни избори. Претседателот настојува да се изнајадат нови политички партнери за опстанок на Владата на Лета.

Актуелната Влада ја сочинуваа левоцентристичкиот блок предводен од Демократската партија (ПД) на Лета и десниоцентристичката коалицира на ПДЛ на Берлускони.

Оваа коалиција беше создадена по парламентарни избори на почетокот од оваа година, на кои ниту еден од двата големи политички центра на левицата и десницата, не успеаја да обезбедат доволно пратенички места за сами да формираат влада.

Расправиите меѓу двата главни партнера во владата почнаа претходно, околу судските процеси со кои се соочува Берлускони, а посебно околу заседанието на Комитетот на италијанскиот Сенат која треба да одлучи за одземање на пратениќкиот мандат на поранешниот премиер.

Премиерот Лета остро ја нападна десницата дека предизвикува Владина криза, не поради зголемувањето на ДДВ, туку поради личните проблеми (со судовите) на Берлускони.

Неизвесната иднина на сегашната Влада, предизвика пад на акциите на берзата во Милано за два отсто, а веднаш се зголемија и каматите на државните обврзници.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски