Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Од:

Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра. Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведените проверки никаде не може да се пронајдат. Над 400.000 евра е криминалот, со набавка на разна компјутерска опрема и телевизори, за кои е потпишан прием, а при извршување на попис не се пронајдени воопшто, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– За ваквиот криминал кој е документиран, истражен и за кој се покренати постапки за неколку месеци по преземањето на власта, не може да не знаеле СДС. СДС знаеле, но молчеле и им одговарало Груби и ДУИ да крадат, за тие што подолго да останат на власт. Сега откако се излегува на површина, каде се СДС да го осудат Груби и да го повикаат да се врати? Наместо осуда на Груби, гледаме како смислуваат разни приказни. Приказните се единствено нешто кое им и остана. А одговорноста е таа која доаѓа – вели Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата