Kaц: Никој нема да може да побегне од долгата рака на Израел

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац ги коментираа неодамнешните воздушни напади врз цели во Јемен, нагласувајќи ја намерата трајно да се поразат Хутите.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху заедно со министерот за одбрана Израел Кац ја нагласија намерата на Израел целосно да ги порази Хутите во Јемен.

Неодамнешните воздушни напади на израелските воздухопловни сили, според изјавите на израелското воено раководство, претставуваат само воведување на поширока воздушна кампања од страна на Израел.

Коментирајќи ги воздушни напади врз цели на Хутите во Јемен, израелскиот премиер Нетанјаху нагласи „дека Израел е решен трајно да го отсече овој (јеменски) терористички огранок на иранската оска на злото и ние ќе истраеме на тоа додека не ја завршиме работата“.

„Видовме прецизна акција на израелската авијација, гаѓајќи ги стратешките цели на Хутите во Јемен, на аеродромот и на пристаништето. Како што рековме, кој и да го нападне Израел, ние ќе ги погодиме, никој нема да може да побегне од долгата рака на Израел“, заклучи Кац.

Израелските воздушни напади имаат за цел да ја уништат способноста на Хутите да произведуваат крстосувачки и противбродски ракети, кои Хутите ги користат за да го нарушат и блокираат поморскиот коридор низ Црвеното Море.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан