Одредени трговци си играат со трпението на граѓаните, но и на Владата, вели Мицкоски

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе има контроли за покачените цени на производите од страна на трговците, изјави:

„Ние разговаравме со сите големи супермаркети и со сите сопственици. Беа на настан во Владата, разговаравме, оставивме добра волја, еве да не биде со, би рекол, пристап којшто ќе значи ограничување на цени и така натаму. Којшто тие велеа дека е непопуларна мерка, еве сакавме да слушнеме од нив, на добра волја да се поразговара и да се донесе решение заедничко, коишто ќе биде прифатено и тоа се случи. Тоа што некои од нив се служат со трикови, тоа е друга работа. И за тоа ќе има соодветни процедури. И тие процедури, трае анализата, и тие процедури деновиве ќе бидат аплицирани. Тоа што тие мислеа дека ќе нѐ надмудрат на овој начин и си играат со трпението на граѓаните, но и на Владата, мислам дека не е добро. И мислам дека треба да си го преиспитаат однесувањето. Затоа што ова не е коректно однесување, посебно пред празници. На ваков начин не треба да се прават големи профити, затоа што граѓаните очекуваат од нивна страна разбирање и во најмала мерка да биде така како што било. А не наеднаш да се зголемуваат цените на одредени продукти. На одредени продукти до 20 и 25 проценти се зголемени цените на производите. Тоа е неетичко однесување и би рекол нечовечно однесување. И уште од денеска ќе има реакција од страна на институциите, а доколку вака продолжат, таа реакција ќе биде уште поробусна во периодот што следи. И да знаат дека нема вакви трикови никогаш да поминат повеќе.“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски од Давос: Енергетиката е наш стратешки приоритет

Мицкоски пред инвеститори во Давос ги презентираше проектите „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

Мицкоски: Речиси целосно искористен унгарскиот кредит за поддршка на домашните компании