А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ахмети и Бесими утре зад затворени врати со дипломатите на земјите-членки на ЕУ во Брисел

by А1он30/09/2013 - 16:01214
Share0

Претседателот на владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, заедно со вицепремиерот Фатмир Бесими, утре во Брисел ќе одржат состанок зад затворени врати со дипломатите на земјите-членки на Европската унија во рамки на т.н. КОВЕБ-група на Советот на Унијата.

Добивај вести на вибер

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, овој настан се држи во тајност и истиот треба да се одржи утре напладне во организација на Центарот за европски политички студии (ЦЕПС). Од ЦЕПС за МИА ја потврдија утрешната конференција на која со дипломатите од ЕУ, но и со претставници на други невладини и тинк-тенк организации ќе расправаат Ахмети и Бесими, но не потврдуваат на која тема. Сепак, од оваа невладина потенцираат дека целиот настан ќе биде зад затворени врати со т.н. „Четам хаус” правило (правило според кое ништо од средбата/конференцијата не смее да излезе од јавност), како и дека дописникот на МИА од Брисел не е добредојден на настанот.

Со оглед на засилената дипломатија изминатиот период поврзана со македонските евро-атлантски интеграции и пробивање на мразот во наметнатиот спор за името со Грција, јасно е дека токму тоа и ќе биде темата на која Ахмети и Бесими ќе разговараат со дипломатите од ЕУ. Но, чуди што токму невладината ЦЕПС, чиј „експерт” за Западен Балкан е поранешниот амбасадор на Унијата во Македонија, Ерван Фуере, кој јавно, јасно и недвосмислено ја поддржува и лобира за македонската опозиција во Брисел и е силен критичар на македонските власти. Всушност, истиот Фуере, со поддршка на ЦЕПС, за 21 октомври во Брисел веќе закажа конференција со наслов „Стратегијата на ЕУ за проширување и прогрес извештаите: Одржување на кредибилитетот?”, на која заедно со Алан Џонс од Директоратот за проширување на Европската комисија, ќе ги коментираат извештаите на Комисијата за земјите-кандидати и потнецијални кандидати за членство, што ќе бидат објавени на 16-ти октомври.

eu

Би можело да ве интересира

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Горан Наумовски08/05/2026 - 10:32

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он04/05/2026 - 19:57

Кина упати сериозна закана до Европската Унија

Горан Наумовски02/05/2026 - 10:16

Нов пакет за Киев: ЕУ нуди постепена интеграција наместо брз пристап

Горан Наумовски30/04/2026 - 22:09

Дизен: Европа е предупредена за голема катастрофа

Горан Наумовски30/04/2026 - 21:36

Герапетритис: ЕУ би можела да добие нова членка во 2027 година

Горан Наумовски23/04/2026 - 21:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто