Во Кратово до крајот на годината нема да се издаваат сини картони

Од:

Директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Маја Парнарџиева Змејкова денеска е во еднодневна работна посета во Кратово, каде што се дистрибуирани најмногу електронски здравствени картички и се очекува до крајот на годината веќе да не се издаваат сини картони.

Парнарџиева Змејкова се сретна со граѓаните на Кратово од кои слушна за работењето на подрачната служба на ФЗОМ во Кратово, како и за задоволството од здравствените услуги кои ги добиваат осигурениците во Кратово.

На средбата со градоначалникот на Кратово Мите Андоновски беше разговарано за прашања од взаемен интерес, а кои се во корист на граѓаните на Кратово кои истовремено се и осигуреници на ФЗОМ. Како што соопшти Фондот, Парнарџиева Змејкова и Андоновски разговарале за достапноста на здравствените услуги и притоа било констатирано дека Кратово се соочува со недостиг од лекари во руралните подрачја и затоа апелира за лекари во руралните амбуланти во селата Секулица и Страцин. Достапноста на лековите во аптеките во Кратово е на задоволително ниво.

Директорката на ФЗОМ се сретна и со претставници на приватните здравствени установи и коморите за да се слушнат и нивните мислења и предлози за соработка со Фондот.

Како што соопшти ФЗОМ, посетата на Кратово е во рамките на редовните средби на директорката Парнарџиева Змејкова со претставници на подрачните служби и е во насока на унапредување на условите за работа и подигнување на квалитетот на здравствените услуги.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството