Левица: Двојазични лиценци, капитулација на ДПМНЕ и продолжување на антимакедонските политики

Од:

На вчерашната седница на Собранието, коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, ги изгласа измените на Законот за заштита на децата со кои се воведуваат двојазични лиценци за работа во градинките. Пратениците на ДПМНЕ, кои добија поддршка од околу 500.000 граѓани со ветување за ‘горда Македонија’ и ставање крај на штетните политики на СДС-ДУИ, коишто бараа голема победа за да не бидат уценувани од албанскиот политички блок – сега се нурнаа во длабока примена на неуставниот Закон за двојазичност, велат од Левица.

„Потсетуваме дека овие измени на Законот за заштита на децата беа протуркани на несоодветна комисија – Комисијата за енергетика, каде претседател е Бојан Стојановски од ДПМНЕ!

Со досегашното делување, ДПМНЕ јасно ја искажува намерата за продолжуваање и надградување на политиката на кантонизација која ја зацрта СДС.
Оваа одлука на ДПМНЕ претставува директна предавничка капитулација пред двојазичните политики кои самите ги осудуваа додека беа во опозиција нарекувајќи ги кривични дела.

Со изгласувањето на двојазични лиценци, ДПМНЕ го легитимира процесот на дезинтеграција на Македонија. Од Рамковниот договор, преку Преспанскиот и Бугарскиот договор, до овој чин, политиките на СДС се продолжуваат со апсолутно мнозинство од страна на партијата која вети дека ќе ја брани Македонија, а сега го користи мандатот за антимакедонски политики.

Во моментот кога сите други политички елити се натпреваруваат кој ќе биде попокорен слуга на надворешните и антимакедонските интереси – Левица, чиј пратеници гласаа против овие измени, уште еднаш докажува дека е единствената политичка сила која доследно и искрено се бори против федералистичките и разнебитувачките политики, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Конзулатот во Њу Џерси работи само четири часа неделно – уште една навреда за македонската дијаспора

Катерина Ѓуровски

Левица: ДПМНЕ и ЗНАМ попусто го бришат името Македонија – Грција и Бугарија со нова амандманска блокада

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Горан Наумовски

Левица: Љутков ги повикал сметководителите надвор од работно време да изготвуваат плата, спротивно на Колективниот договор

А1он

Левица предлага удвојување на рокот за застарување на кривичните дела

Левица: Директорот сака да го укине превозот на работниците во психијатриската болница – Демир Хисар