ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Венко Филипче излезе од егзил

Од:

Добро е што Венко Филипче излезе од егзил и зимскиот сон го скрати привремено. Лошо е што се стави на страна на трговците кои делуваат како воени профитери. СДС и Венко Филипче, познати како синоними за криминал, неспособност и пљачка на државата, се последните кои имаат право да зборуваат за економија и сиромаштија! Филипче, кој е запаметен и како министер кој тргуваше со човечки животи и набавуваше респиратори и вакцини по сомнителни договори, денеска има образ да зборува за кошнички и стандарди?! Тоа е исто како лисицата да зборува за безбедноста на кокошарникот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Седум години владеење на СДС беа години на распродажба на државните интереси, зголемување на долговите, инфлација и систематска кражба. Тие се главната причина зошто граѓаните денес се соочуваат со вакви економски предизвици кои макотрпно како Влада ги надминуваме.

ВМРО-ДПМНЕ не само што реагираше веднаш за да ги заштити граѓаните од алчноста на трговците, туку и воведе механизми за контрола и казнување. За разлика од СДС, кој ги охрабруваше картелите и мафијата да печалат на маката на народот, ние преземаме акција.

Неврохирургот на Заеви треба да ја наведне главата од срам за милионите евра украдени од тендери, а не да држи лекции за морал и економија. Граѓаните добро знаат кој ги осиромаши – токму СДС, кој оставаше долгови, сиромаштија и безнадежност. А Венко Филипче, кој вечерва се обидува да зборува за народот, е истиот тој што се богатеше додека луѓето умираа чекајќи терапија! ВМРО-ДПМНЕ е истрајна во намерата да стави крај на ваквите лаги и манипулации. Граѓаните нема да дозволат оние кои ги уништија да им држат лекции за морал. СДС и Филипче нека молчат, бидејќи секој нивен збор само ја потсетува јавноста на нивниот криминал и катастрофалното владеење, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски лично дозволи трговците да печалат на маката на луѓето

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се соизвршители во криминалот на Артан Груби

Филипче од Битола: СДСМ веќе е крената на нозе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС за нивните седум години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи

ВМРО-ДПМНЕ: Крајот на ДУИ започна со ставањето на црна листа на САД, најпрво со Рамиз Мерко, а потоа и со Артан Груби

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев, Венко Филипче, Оливер Спасовски биле први соработници и сојузници на Груби

А1он