(ВИДЕО) Русите со ракета погодија зграда во родниот град на Зеленски, има мртви

Од:

Руската војска денеска истрела балистичка ракета која погоди станбена зграда во Криви Рих, Дњепропетровск, при што загина најмалку едно лице, а 11 други се повредени.


Прелиминарните извештаи покажуваат дека руска балистичка ракета погодила четирикатница во родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави градоначалникот Александар Вилкул. Две лица се извлечени од под урнатините.

Седумдесет и деветгодишен маж и жени на 69 и 72 години се во тешка состојба во болница, соопшти регионалниот гувернер Серхиј Лисак.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели