Турција има за цел да постигне договор за поморска демаркација со Сирија по формирањето на постојана влада во Дамаск, изјави денеска турскиот министер за транспорт Абдулакир Уралоглу.
Тој додаде дека Турција планира да започне преговори со новата сириска администрација за евентуален договор за поморска демаркација, пренесува Ројтерс.
„Потребно е прво таму да се формира влада. Сето тоа ќе биде на нашата агенда, но тешко е да се каже – на денешната агенда“, рече Уралоглу.
Тој посочи дека договорот за поморско разграничување ќе биде во согласност со меѓународното право и ќе доведе до тоа Сирија и Турција да ги одредат правата за истражување на нафта и јаглеводороди.
Турција ги поддржа сириските бунтовници кои го соборија актуелниот претседател Башар ал Асад претходно овој месец по 13-годишна граѓанска војна.