СДСМ: „Новогодишна кошничка“ е голем владин дебакл

Од:

Целосниот дебакл на мерката наречена „новогодишна кошничка“ е резултат на измамата која ја подготви Мицкоски заедно со трговците. СДСМ на ова јасно предупредуваше и ја разоткри шемата уште кога тој со трговците на маса ја подготвуваше. Токму со амин на Мицкоски, трговците ги качија цените и треба конечно да престане да ги лаже граѓаните. Касно е за префрлање на вината, велат од СДСМ.

„Сега треба да признае дека тој е автор на оваа огромна кражба на граѓаните во маркетите и дека во договор со трговците е дојдено до оваа ситуација. Тој ги остави намерно и непречено да ги качуваат цените со месеци пред да стапи на сила мерката. А кога стапи на сила мерката цените само се качија а не се намалија. СДСМ со месеци укажува на тоа дека Мицкоски и Владата заедно со трговците кројат план и сега тој план конечно се потврди. За ова Мицкоски мора политички да одговара.

Какви робусни акции какви глупости најавува Мицкоски кога досега не спроведе ништо? После свадба тапани. Пред само три дена министрите од неговата Влада беа во маркетите и лажеа дека цените се намалени. Сега ќе побара ли Мицкоски одговорност од нив?

Мицкоски им слугуваше на неговите бизнис партнери и ги остави граѓаните сами. Затоа цените отидоа до плафон. Мицкоски не го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храна и реалните мерки кои ќе ги намалеа цените. Единствена причина што не ги прифати е затоа што не сакаше да има реални мерки, туку пропагандни налепници во маркетите да ги залажува луѓето. Касно е за правдање сега и префрлање вина на некој друг, вината е кај Мицкоски. Најмалку што може да направи Мицкоски е да им се извини на граѓаните“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда