ВИДЕО: Притворот најголем проблем на македонското судство

Од:

„Притворот е една од најстарите болки во Македонија“, посочи професорката Мирјана Најчевска на денешната промоција на анализата „Примената на законите под лупа“, во издание на Фондацијата Отворено општество. Најголем дел од забелешките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) се однесуваат токму на притворот, додаде Најчевска, потенцирајќи дека нивните пресуди редовно посочуваат дека македонските судови треба постојано да ја преиспитуваат примената на мерката притвор.

Потребата од преиспитување на притворот е една од значајните препораки за Македнија кои произлегуваат од досегашните пресуди на ЕСЧП со цел да се создадат услови за соодветно практикување на правата дадени во ЕСЧП за поголема заштита на граѓаните.

„Според ЕСЧП секогаш мора да има фаворизирање на слободата наспроти притворот“, истакна Најчевска, додавајќи дека во пресудите од ЕСЧП експлицитно стои дека притворот не смее да биде казна, а истиот утврдил дека притворот во Македонија се користи како казна.

969 случаи од Македонија имало минатата година пред Судот во Стразбур, а од нив 341 биле нови односно поведени во 2012, рече Бојан Маричиќ, од Македонскиот центар за европско образование. Досега од 286 завршени предмети, само во 19 односно 6,6% се смета дека се исполнети сите обврски на државата со кои е обесштетена повредената страна. Токму ова е показател дека не се извршуваат пресудите од Стразбур.

За овие 6,6% извршени одлуки професорката Маргарита Цаца Николовска објасни дека најчесто станува збор за пријателско спогодување, запрашувајќи што станува со другите предмети кои не се извршени како и како кој би бил ефективниот правен лек на непостоењето на единствена судска пракса.

Законот за извршување на одлуките на ЕСЧП и Законот за застапување на Р.М. пред ЕСЧП како клучни треба да придонесат во имплементацијата на пресудите.

Значајната улога на невладините организации во имплементацијата на пресудите ја потенцираше Нада Наумовска од ФООМ. Таа објасни дека бројните НВО низ Европа со водењето на стратешки предмети придонеле за тоа да се зголеми почитувањето на човековите права, да се подобрат условите во затворите, здружувањата, пристапот до информации и останатите слободи и права. Промените кои ги имаат направено НВО поседователно влијаат на пресудите кои се имплементираат на терен, а нивната значајна улога, како што нагласи Наумовска е во тоа што треба да прават притисок врз властите за спороведување на одлуките од ЕСЧП како и да и асистираат на власта во имплементацијата на истите.

Костадин Богданов, владин агент и директор на бирото на застапување на РМ пред ЕСЧП, напомена за определените повреди кои ги имало во делот на кривична постапка, особено во нееднаквоста со присуството на јавниот обвинител во расправите на седниците во Апелација или Врховен суд каде што обинетиот не бил повикан. Тој рече дека во новиот Закон за кривична постапка каде ќе има задолжително присуство на осомничениот пред расправите во Апелационен или Врховен суд како и дека ќе се предвидува доказно рочиште.

Целите на анализата се помош во градење на систем за појасна и поефикасна имплементација на се она што е содржано во пресудите и одлуките на ЕСЧП, а се однесуваат на донесување на законски или практични промени кои би требало да се направат во РМ за да се постапува во согласност со пресудите.

„Пресудата на ЕСЧП значи дека државата нешто згрешила. Државата не ја исполнила обврската и не превзела ништо согласно со Европската конвенција за човекови права и заради тоа треба да одговара, да најде начин како да го поправи тоа што го згрешила како и да најде начин да се намали можноста таквите грешки да се повторат“, рече Најчевска, која заедно со Сашко Тодоровски е автор на анализата.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО