ВИДЕО: Трговците користат трикови, срамно е ова што го прават пред празниците вели Мицкоски

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до трговците да го преиспитаат своето однесување во однос на цените на прехранбените производи и најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена.

– На седница на Влада ќе побарам робусна, жестока акција од Пазарниот инспекторат затоа што добивам информации дека некои од маркетите шпекулираат и се служат со трикови. Јас со трикови не функционирам и тие што мислат дека ќе функционираат со трикови, се лажат. Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го прават со драматично зголемување на некои други призводи како маслото, лебот, јајца, брашно…. Жестоко ќе се спротиставиме со оние што мислат дека не надмудриле. Срамота е ова што го прават пред празниците што доаѓаат. Сакавме да покажеме добра волја, а видете како враќаат. Ова не е коректно и денеска од страна на министерот за економија и труд ќе побарам вонредна инспекција и ова девијатно однесување да престане, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на спортска сала во населено место Црешово во општина Гази Баба.

Со мерката „Новогодишна кошничка“, која важи до 15 јануари, се опфатени повеќе од илјада производи. Беше направена во соработка со трговските и производителите со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните за време на новогодишните празници. Надлежните очекуваа намалување на прехранбените производи за околу 10 проценти, но граѓаните се жалат дека не се забележува некое поголемо намалување на цените и дека се зголемени цените на основните прехранбени производи како брашното, зејтинот, јајцата…

Во однос на 250-те милиони евра од првата трашна од унгарскиот кредит кои се наменети за бизнис секторот, Мицкоски рече дека има административни процедури што треба да се завршат и очекува во јануари овие средства да бидат оперативни.

– Во Парламентот треба да помине закон којшто не сакаме да го ставаме на брза лента, туку да помине во редовна процедура, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари

Мицкоски: Филипче е континуитет на политиките на неговиот гуру Заев, за нив покачувањето на пензиите не значи ништо затоа што нивните јахти и хациенди вредат милиони

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi е симбол на нова ере, ќе ја промени државата од корен

Мицкоски до Ахмети: Игрите на етничка карта се научени, но него не му е до Албанците

А1он