Во пораст бројот на новозаболени од малигни заболувања

Од:

Бројот на новозаболени од малигни заболувања во Македонија е во пораст. Потребно е на повисоко ниво да се подигне свеста кај населението дека контролните прегледи еднаш годишно се неопходни за нивно рано детектирање и третман, со што може да се спречат предвремените смртни случаи од малигните заболувања. Ова беше истакнато денеска на прес-конференција на првото антиканцер Здружение „Животна искра“ по повод Октомври-месец на борба против ракот во Македонија.

Од Здружението посочија дека бројот на новозаболени од малигни неоплазми во Македонија, според податоците во Извештајот за здравјето и здравствената заштита на населението во Македонија, објавени во 2010 година од Институтот за јавно здравје, за само десет години (1997-2007) се зголемил за 3,5 индексни поени и достигнал 5.841 (стапка 258,8 на 100.000 жители).

Доктор Горан Кондов од Клиниката за торако-васкуларна хирургија на прес-конференцијата рече дека ракот на дојката е на прво место меѓу малигните заболувања кај жената.

– Годишно во Македонија се откриваат 700 нови пациенти со рак на дојка. Од нив на Клиниката се оперираат 400 пациенти. Мамографскиот скрининг во Македонија не е почнат, а тоа е вистинско решение за детектирање на ракот на дојката во почетна фаза, истакна Кондов и додаде дека од интервенциите што ги прават на Клиниката, меѓу кои и примарната реконструкција на дојка, е неопходно да се изведат по раното детектирање на болеста.
Доктор Горан Димитров од Клиниката за гинекологија и акушерство рече дека со стапка на заболени од рак на грлото на матката од 23,4 на 100.000 жители, Македонија е на второ место во Европа.

– Ако нема редовни прегледи можноста за појава на рак на грлото на матката е честа. ХПВ вакцината е одобрена во 128 земји, додаде Димитров.

Според доктор Милчо Пановски, програмите за колоректален карцином се непотполни и несоодветни.

– Сите скрининг програми се правени според желбите на пациентите и тие не се повикуваат по име и презиме да дојдат на преглед, додаде Пановски.

Според податоците на СЗО, со над 7,6 милиони случаи годишно (13 отсто од сите смртни случаи), малигните заболувања се водечка причина за смртност во светот. Предвидувањето на СЗО е дека смртните случаи предизвикани од малигни заболувања до 2030 година ќе ја достигнат бројката од 11 милиони жители.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство