Русите отвораат нов фронт: „Одлуката е веќе донесена“

Од:

Русите не се откажуваат од плановите за офанзива на југот на Украина. Според изворите на украинскиот портал РБЦ, еден од најпопуларните во земјата, Москва планира да ги интензивира воените операции во регионите Запорожје и Херсон.

Според извори на РБЦ, руските подготовки за офанзива на десниот брег на реката Днепар во Херсонската област се понапредни од оние во Запорожската област.

Украинските воени претставници сугерираат дека главната офанзива во регионот Запорожје би можела да биде насочена кон областа Пјатјкатки, покрај реката Днепар. Покрај тоа, се очекуваат непријателски дејствија во близина на градот Хулјаиполе.

РБЦ наведува дека во Херсон Русите веќе се обиделе да се пробијат до десниот брег на реките Днепар и потсетува дека на крајот на ноември биле одбиени руските разузнавачки и диверзивни групи кај мостот Антонив од страната на населбата Олешки.

Според извори на РБЦ, одлуката за офанзива на Херсон е веќе донесена. Операцијата ќе ја надгледува командантот на Воено-десантните сили на Русија, Михаил Теплински. Во мисијата се очекува да бидат вклучени до 4.000 руски војници, вклучително и 7-та јуришна дивизија. За да стигне до делот на Херсонската област под украинска контрола, руската армија мора да ја премине реката Днепар, бидејќи сите мостови во оваа област се уништени. Ова бара употреба на чамци или изградба на понтонски мостови.

По уништувањето на хидроцентралата Каховка, дел од територијата на Днепар се претвори во мочурливи области кои замрзнуваат во зима, што би можело да им го олесни преминувањето на Русите.

Друг проблематичен фактор е тоа што дел од воздухопловните сили од реонот на Днепар претходно биле префрлени да им помогнат на руските единици во Курската област, од каде се уште не се вратиле, наведува РБЦ.

Украинските медиуми се сомневаат во успехот на руските планови поради сложеноста на операцијата. Покрај тоа, украинските сили веќе се подготвени да се сретнат со непријателот на десниот брег на Днепар, што ќе го отежне спроведувањето на офанзивата, велат украински извори.

Би можело да ве интересира

Украина доби 1,1 милијарда долари од ММФ

Сијарто: На Трамп не му требаат посредници за да се обиде да го реши конфликтот во Украина

Орбан: ЕУ ја загуби војната во Украина

(ВИДЕО) Напад со дронови во рускиот град Казан

А1он

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Пожар во притвор во Русија: Има мртви