ВМРО-ДПМНЕ: Крајот на ДУИ започна со ставањето на црна листа на САД, најпрво со Рамиз Мерко, а потоа и со Артан Груби

Од:

СДС со секој изминат ден тоне во сопственото политичко мочуриште, СДС се губи на политичката мапа а рејтингот им е во слободен пад пет спрема еден според анкетите. СДС тоне по рејтингот, но и покрај тоа се обидува да го спаси и заштити Артан Груби. Дури и Али Ахмети и ДУИ се откажаа и оградија од Груби, а СДС продолжува да го штити само поради тоа што се нивни асистенти и соработници. Падот на рејтингот на СДС е директен резултат на молкот и распространетоста на криминалните шеми со ДУИ, но и покрај тоа СДС грчевито го штити Груби и не го повикува на одговорност пред правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Крајот на ДУИ започна со ставањето на црна листа на САД, најпрво со Рамиз Мерко, а потоа и со Артан Груби. Се сруши и митот за Ахмети дека ниту се чесни, ниту се борат и ги штитат своите луѓе ниту пак дека се можат и се недопирливи. Артан Груби е извршител на ДУИ и Ахмети а негови соучесници и асистенти се СДС.

Центарот на политичкиот криминал на СДС се Заев, Ковачевски, Филипче, Спасовски. Криминалните банди и фамилијарните кланови владееја и ја наметнуваа својата волја како сакаат и каде сакаат, а МВР под раководство на Спасовски не се спротивставуваше и дозволуваше хаосот да завладее додека беззаконието царуваше.

СДС ја окупираше државата во соработка со корумпирани судии и обвинители бирани во Струмица и Зајас, додека фамилијарните кланови под закрила на Ахмети и Заев со своите криминални делувања го уништуваа системот. СДС делуваше во координација на ДУИ а Груби беше извршител, 7 години овие деструктивни сили го заробија системот и ја уназадија државата. СДС дозволи криминалот и корупцијата да напредува додека народот осиромашување. Артан Груби, СДС и ДУИ мислат дека од правдата ќе побегнат но засолниште за криминалците и сите оние што го прекршиле законот нема. Одговрност мора да има. Место за криминалци во политиката нема.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извади државата од темната етапа во која ја доведоа СДС и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ напорно работи да обезбеди напредок, инвестиции и подобар животен стандард за граѓаните“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси