ВМРО-ДПМНЕ: Непотизмот и судирот на интереси во Струмица со загрижувачки размери

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека непотизмот и судирот на интереси во Струмица добива загрижувачки размери и објави нови документи за делење на јавни набавки во општината, каде што градоначалник е Зоран Заев, лидерот на СДСМ. Јавните набавки биле правени и во време на изборната кампања во 2011 година.

Иво Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција изјави дека градоначалникот Заев го именувал Панче Орцев за директор на ЈКПД „Комуналец“, кој беше кандидат за пратеник од Струмица на парламентарните избори во 2011 година.

– Во тоа време Панче Орцев се уште од позиција на директор на ЈКПД „Комуналец“ склучил договор за јавна набавка со фирмата на сопругот на кандидатот за пратеник од Струмица, Цветанка Иванова, рече Ивановски. Додека кампањата за парламентарните избори во 2011, била во полн ек, ЈКПД „Комуналец“ на чело со Орцев на 27 мај 2011 исплатува три милиони 625 илјдаи и 53 денари на фирмата ДИКОР ЦД ДООЛ Струмица, во сопственост на Динчо Иванов, сопруг на кандидатот за пратеник од СДСМ, Цветанка Иванова, за партерно уредување на кванташкиот пазар во Струмица.

– Пратениците на СДСМ од Струмица си се помагале меѓу себе. Од едниот на другиот. Секако под патронат на Зоран Заев. Тројцата кандидати за пратеници учествувале директно во испумпување на милионски суми, средства на граѓаните на сметки на семјните фирми, рече Ивановски кој побара Заев да им се извини на граѓаните за скандалозните јавни набавки.

Од доказите, според него, јасно се гледа дека семејно политичкиот октопод во Струмица беспрекорно функционирал среде кампања. Праша дали заради ова Панче Орцев и Цветанка Иванова се пратеници. Според Ивановски, непотизмот и судирот на интереси во Струмица добива загрижувачки размери.

– СДСМ и нивниот лидер треба да објаснат колку нивни функционери се заплетени во мрежата од семејно политички фирми. Знаеме дека немаат аргументи за да го објаснат овој огромен скандал со јавни набавки во Македонија, но барем е доблесно да го признаат и да се извинат, изјави Ивановски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања