ВИДЕО: Американците урнаа свој авион над Црвеното море

Од:

Американската војска соопшти дека рано утринава по грешка соборила еден од сопствените борбени авиони над Црвеното Море, принудувајќи ги двајцата пилоти да се катапултираат. Двајцата беа спасени, еден со полесни повреди, по „очигледен пријателски инцидент“, кој се истражува, се вели во соопштението на американската Централна команда.

Ловецот бил Ф/А-18 Хорнет кој летал од носачот на авиони Хари С. Труман. Еден од придружните бродови, ракетниот крстосувач Гетисбург, „испука и го погоди“ авионот по грешка, се вели во соопштението.

Црвеното Море веќе некое време е жариште на воени активности, додека американските сили се борат против Хутите поддржани од Иран во Јемен, кои извршија напади врз бродови во регионот. Американската војска објави дека во саботата пукала кон беспилотни летала и проектили на Хутите над Црвеното Море и дека ги нападнала командните и контролните пунктови и ракетните складишта во Сана.

Би можело да ве интересира

Трамп: Хутите никогаш повеќе нема да ги потонат нашите бродови

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

Трамп: Секој понатамошен напад на јеменската група Хути ќе биде пречекан со „голема сила“

Сериозна закана од Трамп: Заложници мора да бидат ослободени до пладне во сабота или ги чека „пекол“

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19