Осомничениот за нападот во Магдебург бил симпатизер на AfD и противник на „исламизацијата на Европа“

Од:

Германскиот весник Der Spiegel пишува дека постојат индиции дека осомничениот извршител на нападот во Магдебург – Талеб А., бил симпатизер на партијата AfD и голем критичар на поранешната канцеларка Ангела Меркел и нејзината отворена политика кон мигрантите.

Овој весник наведува дека дошол до информации за осомничениот кој наводно е роден во саудискиот град Хуфуф, а во Германија дошол на обука во март 2006 година. Во јули 2016 година, тој беше признат како бегалец.

Весникот наведува дека осомничениот добил смртни закани во неговата земја поради отфрлање на исламот.

Талеб А. наводно е специјалист по психијатрија и психотерапија.

Според премиерот на Саксонија-Анхалт, тој живеел и работел во Бернбург, град со 32.000 жители меѓу Хале и Магдебург.

Der Spiegel понатаму наведува дека осомничениот објавил четири „барања на либералната саудиска опозиција“ на неговата сметка на платформата X во ноември.

Првата точка беше: „Германија мора да ги заштити своите граници од илегална миграција“.

Тој изјави дека се покажало оти „политиката на отворени граници е план на Меркел за исламизирање на Европа“, мислејќи на поранешната германска канцеларка.

„Во видео интервју што се појави пред осум дена на американски блог кој се спротивставува на исламот, Талеб А. презентираше бизарна теорија цели 45 минути: германската држава спроведува „тајна операција“ со цел да ги прогонува поранешните саудиски муслимани ширум светот. И „ги уништи нивните животи“.

„Во исто време, тој тврдеше дека сириските џихадисти добиваат азил во Германија“, пишува Der Spiegel.

Весникот понатаму наведува дека само неколку минути по фаталното возење во Магдебург, на платформата Х се појавила објава со неколку видеа во кои тој упатува збунувачки обвинувања против активистите за правата на бегалците.

Би можело да ве интересира

Македонски доктори спасуваа животи по нападот во Магдебург

А1он

(ВИДЕО) Бројот на загинатите во Магдебург се искачи на пет

А1он

Расте бројот на жртви – четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург

А1он

Познат идентитетот на напаѓачот на пазарот: Газеше луѓе 400 метри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Терористички напад во Германија: Автомобил влета во толпата, најмалку пет мртви

Предраг Петровиќ

Вулин: Со оваа политика Германија и нејзините сојузници брзо ќе не внесат во БРИКС и јас им благодарам

Горан Наумовски