Двајца македонски државјани фатени со 137 килограми марихуана на ГП Ѓуешево

Од:

На граничниот премин Ѓуешево, фатени се двајца Македонци со 137 килограми марихуана, јавија денеска бугарските меидуми.

Под раководство на Окружното обвинителство во Ќустендил се води истрага за шверц на наркотични супстанции преку граница – кривично дело според член 242, став 2, во врска со член 20, став 2 од Кривичниот законик.

На 18 декември 2024 година, околу 22:30 часот, на влезот за камиони на ГП Ѓуешево пристигнале две товарни возила со регистарски таблички од Северна Македонија, натоварени со руда за Турција.

Царинските инспектори ги селектирале возилата за детална контрола. Во приколката на вториот камион биле пронајдени специјално изработени скриени прегради во дрвените хоризонтални рамки. Во нив биле откриени 320 пакети со наркотична супстанција – марихуана, со вкупна тежина од 137,045 килограми.

Возачите на камионите, македонските државјани Г.Н. и И.М., се осомничени и обвинети во постапката.

Со одлука на јавниот обвинител, лицата се задржани во притвор во траење од 72 часа. Во наредниот период ќе биде побарано судско определување мерка „притвор“ за обвинетите.

Би можело да ве интересира

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Муцунски: Стоиме со Украина, таа е суверена држава

Предраг Петровиќ

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

Почина универзитетскиот професор и дипломат Јован Донев

Пожарот во Лакавичкиот регион се движи во насоки кон викендици и планината Серта

Пет активни пожари низ државата