Хрватска најголем извозник на српско злато

Од:

Економската криза ги принуди граѓаните на Србија масовно да продаваат предмети од злато, од накит до златни заби. Покрај златарниците, со овој бизнис се занимаваат и менувачниците и фризерските салони. Го откупуваат златото за 10 до 20 проценти пониска цена, од неговата пазарна вредност, а потоа го извезуваат најчесто во Хрватска.

Хрватска стана најголем извозник на злато во регионот и покрај тоа што нема ниту еден рудник , пишува српски „Блиц“.

Се претпоставува дека златото кое што го увезува од Србија го извезува во Словенија, Австрија, Германија и Италија каде што накитот и забите се топат во златни прачки кои завршуваат на пазарите ширум светот.

Само за првите девет месеци годинава извозот на злато е зголемен во однос на минатата година. Министерството за надворешна и внатрешна трговија на Србија, за оваа година издало дозволи за извоз на 436,9 килограми злато, што е двојно повеќе во однос на 2012 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Запленети 4,8 килограми злато при влез на „Богородица“

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион