Украина изврши напад со западни ракети врз хемиската фабрика Каменски во руската Ростовска област, користејќи шест ракети „Атакамс“ и четири крстосувачки ракети „Сторм шедоу“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Earlier today, Ukraine attacked the Rostov region with cruise missiles. Some sources claim it were Storm Shadow/SCALP-EG while Russians claim 10 ATACMS were shot down. Impacts can clearly be seen and heard. The target was the Taganrog Metallurgic Plant. pic.twitter.com/hustiRfekI
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) December 18, 2024
„Од територијата на Украина беше извршен ракетен напад врз фабриката Каменски во Ростовската област.
Според потврдени податоци, шест оперативно-тактички проектили „Атакамс“ од американско производство и четири крстосувачки ракети „Сторм шедоу“ биле лансирани од воздух“, се вели во соопштението, пренесува РИА Новости.
Во соопштението се наведува дека соборени се сите ракети „Атакамс“ и три од четири крстосувачки ракети „Сторм шедоу“ и се додава дека четвртата ракета „Сторм шедоу“ е оттргнат од целта и дека ја оштетила техничката зграда на територијата на фабрика кога паднала.
Руското Министерство за одбрана нагласи дека оваа акција нема да остане без одговор.