Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Од:

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони откако во финалето на Интерконтиненталниот куп на ФИФА ја совладаа мексиканска Пачука со 3:0.

Ова е шести пат Мадрид да слави на Светското клупско првенство под покровителство на Светската фудбалска федерација (ФИФА), а претходно трипати го освојуваа Интерконтиненталниот куп.

Петнаесеткратниот европски првак поведе во Доха во 37. минута со голот на Килијан Мбапе, по асистенција на Винисиус Жуниор. Мбапе потоа во 53. минута му асистираше на Родриго за 2:0. Конечниот резултат го постави Винисиус од пенал во 84. минута.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски

Аталанта го забележа 10-от последователен триумф во Серија А

Србија против Албанија без навивачи

Дербито Ливерпул-Евертон е одложено

Новото бразилско чудо од дете се сели во Челзи, Роналдо тврди дека „Естевао е талентиран како Јамал“

Предраг Петровиќ