Орбан до Зеленски: Прекин на огнот во Украина за време на Божиќ се уште важи, ваша е одговорноста

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека предлогот за прекин на огнот во Украина за време на Божиќ се уште важи, а украинскиот претседател Володимир Зеленски мора да преземе одговорност дали ќе го прифати или не.

„Предлогот за прекин на огнот е на маса. Земете го или оставете го. Ваша одговорност е“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.

Орбан рече дека на маса е можноста за масовна размена на воени заробеници и прогласување на Божиќно примирје.

„Едната страна го прифати, додека другата се чини дека го отфрли. Но, има уште неколку дена до Божиќ и се надеваме на најдоброто“, рече Орбан.

Орбан пред една недела рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрлил предлогот на Унгарија до Украина да воспостави примирје со Русија за Божиќ и да изврши голема размена на затвореници.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја продолжува „војната“ со Фицо

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

Зеленски: Украина не води тајни преговори со Русија зад грбот на своите партнери