ВИДЕО: МВР објави детали за акцијата во Арачиново, пронајден арсенал оружје

Од:

Министерството за внатрешни работи објави детали за ноќешната акција спореведена во Општина Арачиново. На пат меѓу селата Орланци и Никуштак е пронајдена поголема количина оружје.

– На 18.12.2024 околу 01.30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на локален пат од с.Орланци во правец кон с.Никуштак, во атарот на општина Арачиново, биле пронајдени еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети, се вели во соопштението од МВР.

Пронајденото е предадено на вештачење во Одделот за форензички испитувања и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он