Русија: Го уапсивме убиецот на генералот Кирилов

Од:

Руската служба за безбедност соопшти дека 29-годишен државјанин на Узбекистан е приведен за убиството на генералот Игор Кирилов и неговиот помошник во Москва.

Генерал-полковник Игор Кирилов, началник на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), загина вчера рано утрото кога беше активирана експлозивна направа. Руските безбедносни служби објавија дека осомничениот бил регрутиран од украинската разузнавачка служба, јавуваат државните медиумски агенции.

Украински извор вчера за Би-Би-Си потврди дека зад убиството стои украинската служба за безбедност. Изворот наведува дека Кирилов бил „легитимна цел“. Во понеделникот, ден пред убиството, Украина го обвини Кирилов (54) во отсуство, велејќи дека тој е „одговорен за масовната употреба на забрането хемиско оружје“.

Центарот за односи со јавноста на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека уапсениот 29-годишник е „осомничен дека извршил терористички напад“. Во соопштението за печатот се наведува дека за време на сослушувањето „објаснил дека бил регрутиран од украинските специјални служби“.

Се додава дека 29-годишникот пристигнал во Москва по инструкции од Украина и најмил автомобил за да ја надгледува резиденцијата на Кирилов. Експлозивната направа ја поставил на електричен скутер што го паркирал на влезот од станбената зграда во која живеел Кирилов, соопшти ФСБ. ФСБ наведе дека на осомничениот му била „гарантирана“ награда од 100.000 долари и бегство во европска земја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски