Роналдо Назарио да Лима – кандидат за претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил

Од:

Поранешниот бразилски напаѓач Роналдо Назарио да Лима ќе се кандидира за претседател на Фудбалската конфедерација на неговата земја (CBF), изјави 48-годишникот во понеделникот.

Роналдо, кој го освои Светското првенство со Бразил во 1994 и 2002 година, ќе се кандидира на изборите за CBF за да го замени сегашниот претседател Едналдо Родригез во 2026 година.

„Меѓу стотиците работи кои ме мотивираат да станам кандидат за претседател на CBF, сакам да го вратам овој престиж и почит што Селекао отсекогаш ги имал, а денес никој друг го нема“, изјави Роналдо за Globo Esporte.

Бразил е петкратен светски шампион, но последната титула им ја донесе Роналдо со својата генерација во 2002 година.

Оттогаш, дури и кога беа организатори во 2014 година, никогаш не стигнаа до финалето, а нивниот најдобар пласман беше четвртото место кога беа домаќини!

Поранешниот напаѓач на Барселона, Интер и Реал Мадрид, исто така, рече дека очекува да го продаде својот удел на шпанскиот клуб – Реал Ваљадолид.

„Преговараме за можна продажба многу наскоро и треба да го затвориме договорот. Тоа нема да биде пречка за мојата кандидатура“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Роналдо го постигна 915-от гол во кариерата и го предводеше Ал Наср до нова победа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ