(ВИДЕО) Зеленски и се обрати на нацијата, им порача на Украинците дека следната година е клучна

Од:

Напорите за надворешна политика на Украина ќе бидат уште поинтензивни следната година. Украина го зајакнува својот дипломатски тим затоа што следната година мора да биде време за воспоставување траен мир, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање, пренесува Укринформ.

Како што пренесува веб-страницата, новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, го свика првиот состанок на Советот под негово раководство на 19 декември и веќе го покани претседателот на Украина, Володимир Зеленски, да присуствува.

Зеленски претходно изјави дека Русија се обидува да ги скрие вистинските загуби на Севернокорејците во конфликтите во Украина, коментирајќи го извештајот на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски за учеството на севернокорејските војници кои се борат заедно со руските силите.

– Врховниот командант Сирски презентираше извештај за состојбата на фронтот, со посебен осврт на регионот Доњецк и тамошните сектори. Тој ги даде и најновите информации за ситуацијата во областите на операцијата Курск – рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина е подготвена за директни мировни преговори со Русија

А1он

Зеленски: Предлогот на Украина за ненапаѓање на цивилната инфраструктура останува на маса

А1он

Лидерите на Русија и Украина со јасни пораки за човекот кој жестоко ја критикуваше војната во Украина

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Зеленски по најавата за примирје: Путин манипулира со животите на луѓето

А1он

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната