Уапсен Харун Хаџибулиќ на граничниот премин Блаце

Од:

Харун Хаџибулиќ ноќеска е уапсен на граничниот премин Блаце. Полицијата распишала потерница по Хаџибулиќ бидејќи по повеќе судски позиви тој не се јавил на одлежување на затворската казна, пренесе Pres24.

Бил уапсен при одбидот да ја напушти земјава. Кога полицијата му пришла за да го уапси, Харун излегол од автомобилот и почнал да бега. Полициските службеници почнале да пукаат, по што тој легнал на земја и се предал. За среќа не бил повреден.

Харун Хаџибулиќ беше осуден на 18 месеци затвор за помагање во убиството на Мирсад Криешторац кај Универзална сала во Скопје. Тој најголем дел од казната ја одлежа во притвор, а полицијата го барала бидејќи недостасувале неколку дена за целосно издржување.

Во истиот случај Јасмин Лесковица доби 12 години затвор како директен извршител.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за Фрчкоски за злоупотреби во мисијата во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Со лажни мејлови од познати компании извлекуваат лични податоци, предупредување од МВР

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата