Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала го погоди Вануату, при што беа оштетени згради и друга инфраструктура. Според Геолошкиот институт на САД (USGS), земјотресот се случил во 12:47 часот по локално време на длабочина од 57 километри. Епицентарот на земјотресот бил недалеку од Порт Вила, главниот град на Вануату.
CCTV footage of 7.4 Earthquake in Port Vila, Vanuatu
December 17, 2024 #earthquake #Vanuatu #terremoto #sismo pic.twitter.com/0MJWyhepga— Disasters Daily (@DisastersAndI) December 17, 2024
Беше издадено предупредување за цунами за делови од островската држава на Тихиот Океан, но властите во 14:14 часот по локално време соопштија дека заканата поминала. Степенот на штетата останува нејасен, но има непотврдени извештаи за најмалку еден загинат. Ден Мекгари, новинар кој живее во Порт Вила, изјави дека полицијата во Централната болница му потврдила дека едно лице починало.
Објавувајќи на X, Мекгари рече дека видел три лица „сериозно повредени“ кои чекаат третман. „Најсилниот земјотрес што сум го видел во последните 20 години“, додаде тој.
7.4 Earthquake damage in Vanuatu.
December 17, 2024 #earthquake #sismo #terremoto pic.twitter.com/8n6z0QEaQe— Disasters Daily (@DisastersAndI) December 17, 2024
Снимките на социјалните мрежи покажуваат урнати згради, згмечени автомобили и мебел расфрлани по катовите на домовите. Жителите известуваат дека се нарушени комуникациските врски. Според фотографиите објавени на интернет, меѓу оштетените згради е и американската амбасада во Порт Вила.
Американските власти објавија дека зградата претрпела „значителна штета“ и дека ќе биде затворена до понатамошно известување. Мајкл Томпсон, директор на авантуристичката компанија Vanuatu Jungle Zipline, изјави за новинската агенција АФП дека видел тела како лежат на улиците.
7.3 earthquake has hit Vanuatu, an island east of Australia.
In this video is the American Embassy. It collapsed with people inside.
The island has suffered massive damage.
Pray for the victims and their families.
— Paul A. Szypula 🇺🇸 (@Bubblebathgirl) December 17, 2024
„Повеќе згради се урнаа во градот. Во тек е голема спасувачка операција за да се извлечат луѓето кои можеби се живи од зградите. Повеќето комуникации се прекинати“, рече Томпсон. USGS објави најмалку четири последователни потреси околу Порт Вила – со магнитуди од 4,7 до 5,5 степени – во два часа по првиот земјотрес.
Властите во Нов Зеланд и Австралија соопштија дека нема закана од цунами за нивните земји. Австралија, исто така, нагласи дека е „подготвена да го поддржи Вануату додека се проценува обемот на штетата“. Вануату, низок архипелаг со околу 80 острови, се наоѓа во сеизмички активно подрачје и е предмет на чести големи земјотреси и други природни катастрофи.