Во пластично шише вода има дури 25.000 хемикалии

Од:

Водата во пластично шише е се е популарен пијалак, затоа што лесно се носи во чанта или едноставно во рака.

Но, водата во пластично шише сепак не е добар избор. Зошто? Најновото германско истражување покажува дека само во едно пластично шише постојат дури 25 илјади хемикалии. Некои од тие хемикалии особено се опасни за човечкиот организам, пишува списанието PLoS One, каде се објавени резултатите од истражувањето.

Научниците анализирале 18 различни примероци вода кои можат да се купат во Франција, Италија и Германија. После серија сложени анализи, откриле дека поголемиот дел од водата во шишето содржат разни хемикалии, поточно дури 24.520 различни хемикалии. Воочено е дека во водата се наоѓаат и хормони кои можат да ја нарушат човечката хормонална рамнотежа.

Научниците порачуваат дека присуството на хемикалии не значи нужно дека конзументите ќе развијат тешки опасни болести, но истакнуваат дека сепак станува збор за многу вознемирувачки откритија. Особено загрижуваат хормоните кои можат да влијаат на репродуктивниот систем кај жените, особено во помладата возраст.

– Прерано е да се донесуваат некои конкретни заклучоци како сите хемикалии влијаат на здравјето. Потребни се дополнителни истражувања. Но, сигурно можеме да речеме дека водата во шишиња не дејствува благотворно на човечкото здравје, истакна Брус Блумберг од Универзитетот Калифорнија – Ирвин.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска