ЕУ со санкции за Србија

Од:

Шведската министерка за европски работи Бригита Улсон, која веќе неколку дена претстојува во Белград поради намерата да учествува на Парадата на гордоста, е разочарана од одлуката за нејзино откажување.

Таа отворено зборува за одлуката во последен момент да се стави вето на парадата и човековите права кои се негуваат во ЕУ и кон кои Србија треба да тежнее доколку сака да стане нејзин член.

– Се укажуваше дека парадата ќе биде одржана, затоа и дојдов. Европската делегација е изненадена поради тоа. Негативната одлука нема да и помогне на Србија на патот кон реформите и приклучувањето во ЕУ, наведе Улсонова.

Шведската министерка смета дека за Србија е важно да продолжи и да ја форсира парадата, бидејќи се во прашање човековите права.

-Прашањето за човековите права е важно за сите нас и нема да се откажеме од него. Она што знам е дека ќе има притисок српската влада да дозволи одржување на Парадата на гордоста, бидејќи вака не може, нагласи Улсон.

Според неа толеранцијата на малцинствата и хомосексуалните права немаат врска со богатството на државата.

-Најдобар пример за тоа е Јужна Африка која е далеку од богатите држави, а сепак има либерални прописи кога е во прашање ЛГБТ популацијата, изјави таа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен