„Техномаркет“ ќе опреми ЕХО соба на Клиниката за детски болести

Од:

Опрема и материјали ќе бидат донирани за ЕХО-собата на Клиниката за детски болести во Скопје. Станува збор за донација на Техномаркет во рамки на која во следните неколку месеци до Нова година најголемиот синџир на продавници за бела техника и апарати за домаќинство ќе издвојува дел од својот месечен промет и ќе го намени за опремување на ЕХО-собата на Клиниката.

Маркетинг-менаџерот на компанијата Марија Ристовска на денешното најавување на донацијата рече дека таа претставува неколкумесечен проект преку кој одлучиле да им се даде можност на нивните потрошувачи да бидат директни учесници во донацијата.

– Со купување на кој било производ Техномаркет реши да издвои средства со кои пред крајот на годинава ќе се донираат материјали и опрема кои се потребни за опремување на ЕХО-собата на Клиниката. Тоа нема да го оптерети буџетот на потрошувачите, туку ќе биде вкалкулирано во цената, истакна Ристовска.

Шефот на Кардиолошкото одделение на Детската клиника д-р Розана Кацарска се заблагодари на компанијата што ќе учествува во проектот за опремување на лабораторијата за ултра-сонографија каде освен апаратот кој го имаат потребни им се клима-уред, затемнување и молерисување на собата, односно уредување на просторот каде се вршат прегледи на децата кои имаат срцеви проблеми, додаде Кацарска.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем