Случајот со третоодделенецот од ОУ „Лазо Ангеловски“ е под контрола иако има пречки во целосно решавање, вели министерката Јаневска

Од:

Се уште постојат одредени пречки за овој случај комплетно да се реши, но и покрај тоа случајот е под контрола, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање дали стручните и социјалните служби работат со проблематичниот третоодделенец од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром за кој беше одлучено до крајот на полугодието наставата да ја следи онлајн.

– Се уште постојат одредени пречки за овој случај комплетно да се реши, меѓутоа по интервенцијата од Министерството за образование и наука, состојбите веќе се средуваат. Социјалната служба проактивно работи и во моментов сметам дека, и покрај пречките, случајот е под контрола, изјави Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на настан на кој беше најавен проект за унапредување на образованието за медицински сестри и акушерство.

За пропуштената настава поради двата дена бојкот во училиштето, таа рече дека директорот треба да организира како да се надомести, нагласувајќи дека „децата не смеат да имаат пропуштени часови поради ваков случај“.

Учениците во ОУ „Лазо Ангеловски“ минатиот вторник се вратија на настава откако два работни дена претходно ја бојкотираа наставата. Бојкотот беше прекинат по одлуката на Советот на родителите во училиштето кој го прифати решението проблематичниот третоодделенец да не ја следи физички наставата туку онлајн до крајот на првото полугодие.

За решение на проблемот МОН формираше комисија со претставници на Центарот за социјални работи, кои во наредниот период треба да ја следат состојбата и стручни лица да работат со детето со агресивно и асоцијално однесување, вклучувајќи го и неговото семејство.

Проблемот со ученикот се актуализираше по најавата тој да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар. Бојкот почнаа родители на децата што учат таму, па директорката ја повлече одлуката, а откако детето требаше да се врати на настава во „ОУ „Лазо Ангеловски“, бојкот почнаа и во матичното училиште.

Би можело да ве интересира

Енергетска ефикасност во пракса – „Лазо Ангеловски“ е едно од првите училиште со систем за следење на потрошувачката на енергија

Јаневска: Издадовме решение за привремен престанок на работа на Факултетот за бизнис економија во Скопје

Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба

СДСМ: Признанието на Јаневска дека учебници ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно, да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Јаневска: Има неколку сериозни наследени проблеми во врска со Студентскиот дом во Тетово

Од 2026 година нова методологија за финансирање на основното и средното образование