Барселона денеска ги совладаа поранешните играчи на Реал со резултат 2:1 во егзибициски меч во Токио, каде што поранешниот шпански репрезентативец Андрес Иниеста официјално се прости од фудбалот.
Иниеста пред нешто повеќе од два месеци објави дека ја завршил својата играчка кариера.
„Мислам дека тоа беше одличен натпревар за јапонските навивачи. Ако си отидеа дома задоволни, среќен сум“, изјави Иниеста.
На натпреварот во Токио присуствуваа 45.725 навивачи.
Меѓу другите, за Барселона играа Иниеста, Чави Ернандез, Ривалдо, Рафаел Маркез, Хавиер Савиола, Фернандо Наваро, Гаиска Мендиета и Серхио Бархуан.
За Реал играа Роберто Карлос, Фабио Канаваро, Икер Касиљас, Иван Кампо, Раул Браво, Луис Мила, Фабио Канаваро, Стив Мекманаман, Савио…
Иниеста (40) играчката кариера ја започна во Албасете, а потоа играше за Барселона од 1996 до 2018 година. Со Барселона освои 29 трофеи. Потоа играше за Кобе од 2018 до 2023 година, а минатата сезона беше член на клубот Емирати од ОАЕ.