Започна „Новогодишната потрошувачка кошничка“ – намалени цени за над 800 производи

Од:

Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ која опфаќа над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти.
Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго, соопшти владината прес служба.

„Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година, а секој производ на рафтовите во маркетите ќе биде соодветно означен. Државниот пазарен инспекторат ќе врши контрола низ маркетите за да се утврди дека се почитува договорот постигнат помеѓу Владата и трговците. Во моментот вклучени се над 80 компании, а очекуваме и други компании и маркети да се приклучат со што листата во новогодишната потрошувачка кошничка би се проширила со над 1.000 производи. Преку оваа мерка директно помагаме за подобрување на животниот стандард на граѓаните новогодишните празници да ги поминат во пристојни услови. Дадовме ветување пред граѓаните и се обврзавме на посветено, одговорно и домаќинско работење. Носиме мерки во интерес на граѓаните, ја враќаме надежта и градиме иднина за сите“, се вели во владиното соопштение.

Би можело да ве интересира

Бизнисот сам си ја полни „новогодишната кошница“: Граѓаните ќе останат без акциските намалувања до 40% поради мерката на Владата

Предраг Петровиќ

До денеска 1.036 производи во „Новогодишната кошница“, Пазарниот инспекторат констатирал ситни пропусти

СДСМ: Кошничката е измама, инфлација од 4,3% во ноември покажувата дека цените веќе се покачени

Ристески: Очекуваме над 1.000 производи да се најдат во „Новогодишната кошничка“

СДСМ: Џабе е зголемен бројот на производи кои се дел од „кошничката“ кога трговците ги зголемија цените

Над 900 производи во „Новогодишната кошница“

А1он