Претседателот на Јавната комора за прашања на суверенитетот и копретседател на Координативниот совет за интеграција на новите региони на Русија, Владимир Рогов, денеска изјави дека руските сили напредуваат во освојувањето на градот Курахово во самопрогласениот Доњецк народен Република (ДНР) и дека руското знаме е истакнато на зградата на Градскиот совет.
Нашите војници напредуваат во северозападниот дел на градот, ја освоија зградата на Градскиот совет и ја подигнаа руската тробојка, изјави Рогов, пренесува РИА Новости.
Курахово е град во западниот дел на ДНР, 46 километри од Доњецк и 30 километри од Покровски.