Премиерот Христијан Мицкоски очекува странските директни инвестиции до крајот на годинава да надминат вредност поголема од една милијарда евра, со што, како што вели, Македонија ќе стане една од водечките држави во регионот.
-Мислам дека тоа што го ветувавме, го испорачавме и повеќе од тоа. Продолжуваме со активностите. Очекувам директните странски инвестиции на крајот на оваа година да бидат повеќе од 1 милијарда евра. Особено овој процес се задвижи во трет и четврт квартал и очекувам да бидеме водечки по глава на жител во регионот односно да се вратиме онаму каде бевме пред 7 – 8 години и да продолжиме пожестоко и помотивирано да работиме, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на поставување на камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во село Таринци во Општина Карбинци.
Премиерот додаде дека што се однесува до директни странски инвестиции во изминатите неполни шест месеци, колку што е на власт новата Влада, ставен е камен темелник, привршуваат преговорите или се завршени се со странски инвеститори за инввестиции во вредност поголема од 700 милини евра кои ќе обезбедат отприлика нови 2800 работни места.
-Тоа е дирекниот инпакт, но, очекуваме индиректниот да биде најмалку уште толку во делот на компаниите кои ќе соработуваат со овие странки инвеститори, рече македонскиот премиер.
Најави дека тука на тромеѓето меѓу Штип, Карбинци и Радовиш се очекува кон крај на јуни, почеток на јули да почне и изградба на ветерниот парк кој ќе произведува електрична енергија која што е „со капацитет од 20 проценти од вкупниот конзум на државата“.
Тој потсети дека вчера во Кичево била најавена нова инвестиција која во одреден момент, кога ќе го достигне својот максимум, кој според извршниот директор се очекува да се случи за шест – седум години, ќе остварува извоз од околу половина милијарда евра.
-Но, тоа што е исто така важно, тие рзгледуваат можност да ја прошират инвестицијата со уште една дополнителна. Како можни локации се споменуваат постојната во Кичево, но и оваа во Штип, рече Мицкоски.
Максималниот број вработени се очекува да биде повеќе од 600 во период кога инвестицијата ќе го достигне својот максимум.
Сето ова, вели премиерот, ќе помогне доплнително во зголемување на БДП на македонската економија.